Машинско Малтерисување

Машинското малтерисување е најпогодно за малтерисување на големи објекти како што се станбени и деловни објекти. Се постигнува голема брзина на работа и докажан квалитет со готовите малтери на КНАУФ. Гипсот како основен елемент на гипсен малтер е најприродниот и најздравиот материјал чии што тајни ги познавале и старите Египќани.
Машинското малтерисување со гипсен малтер има многу предности:
– Како и човековата кожа гипсот има еднаква pH вредност и е потполно природен и здрав материјал
– Овозможува удобност и сигурност во домот со преносот на топлина од една страна и огноотпорноста при опасност од пожар од друга страна.
– Гипсените градежни материјали ја регулираат влажноста на воздухот.

Гипсот е составен од многу ситни пори кои по потреба го превземаат во себе вишокот на влажност од воздухот. Кога околината ќе се исуши, влажноста од гипсот повторно се враќа во воздухот.
Пожарите често се причина за страшни последици.

Гипсениот малтер содржи 20% врзана кристална вода, која во случај на пожар може да врзе голема количина на топлинска енергија. Материјалите на КНАУФ се од негорлива природа, кои што при отворен оган не испуштаат штетен мирис и испарувања.
Гипсот е еколошки беспрекорен производ препорачлив за користење.
Модерното градежништво има високи барања за квалитетот на малтерисувањето.

За Сипорекс, пенобетон, бетон, мешана ѕидарија или порозни цигли, машинското малтерисување со гипсен малтер е идеално. Тој сеопфатно ги исполнува специфичните својства во однос на впивливоста и карактеристиките на различните видови подлоги.
Подрачјето на примена е „од подрум до кров“, во станбената изградба ,во хотели, болници, административни простории со вообичаена влажност на воздухот, вклучително кујни и бањи.

Машинско Малтерисување Слики