За Нас

За Нас

МАК-ДИЗАЈН д.о.о.е.л. од Скопје основана во 1995 година е фирма за молерофарбарски услуги и градежништво која повеќе години успешно работи на македонскиот пазар.

Фирмата е специјализирана во обезбедување на стручни технички услуги за изведување молерофарбарски работи, изведба на работи со гипс картон, спуштени плафони, машинско малтерисување, обработки со декоративни материјали,и изведба на термо фасади и друго.

Со своето познавање на материјалите и методите на работа како и со своето долгогодишно искуство, работниот тим на нашата фирма значително допринесува за успешна имплементација на различни инвестициони проекти.

За да ја обезбедиме стручноста перманетно соработуваме со лица од разни области на живењето и работата, а воедно и вложуваме во обука на нашиот персонал за да ја обезбедиме стручноста при примената на материјалите.

Ние како МАК ДИЗАЈН не осигуруваме само квалитет односно примена на квалитетни производи, туку нудиме концетрирана стручност при избор, проектирање на детали и реализација на идеи, што во конкретен случај значи да помогнеме со својата стручност во правилен избор на прикладни, соодветни материјали за потреба на НАШИТЕ КЛИЕНТИ.

МАК-ДИЗАЈН долги години успешно соработува со реномирани инвеститори во Република Македонија каде таа со своите стручни услуги допринесува во нивната пенетрација на македонскиот пазар.

Грижејќи се за интересите на нашите клиенти подготвени сме во секое време да одговориме на нивните потреби. Мерило за нашиот успех е изнаоѓање на решенија кои ги исполнуваат потребите на нашите клиенти, а во исто време придонесуваат за намалување на нивните трошоци.

Тоа значи дека сме тука да Ви помогнеме при избор на материјали кои ќе одговараат според функционалност, ќе ја задоволат естетиката и се разбира дека економичноста е фактор кој што не го забораваме.