Реновирање на објекти

Со освежување на животниот простор со бои внесувате мала промена во вашето секојдневие и го правите просторот поинетресен, меѓутоа има ситуации кога тоа не е доволно и неопходно е поголем зафат за да животниот простор на подолго време биде извор на мир и спокојство.

Со еден збор неопходно е реновирање.

Долгогодишното искуство покажало дека во овие ситуации, кога се ангажирани мајстори од повеќе фази, од повеќе фирми, често доаѓа до неусогласеност, доцнење со рокови, а трпи и квалитетот, а и финансиската пресметка поради дополнителни трошкови.

Од овие причини МАК-ДИЗАЈН се одлучи во своето работење да преземе обврска и во случај на адаптирање, санација, реновирање на определен простор, ја преземе целосно работата во свои раце, заради што и оствари успешна соработка со стручни лица од повеќе области, за изведување на сите неопходни фази при санација и реновирање на определен простор.

Со тоа гарантираме дека ќе го добиете договореното за своите пари, квалитет во изведбата, навремено извршување, без дополнителни трошкови и пред се процес во кој во крајниот резултат Е ВГРАДЕНО ВАШЕТО ЗАДОВОЛСТВО.