Бројните корисни совети за употреба на материјалот и нивната изведба ќе ви покаже како гипс картонските системи за преградни ѕидови, ѕидни облоги, спуштени плафони, суви подни елементи и облогите на поткровјето се применуваат за оптимално решение при изградба или адаптација на Вашата куќа, стан или деловен простор.
Гипсот има неколку навистина интересни карактеристики : природен материјал е, со голем број на мали мицроскопски пори кои го впиваат вишокот на влага од воздухот, а ја испуштаат влагата назад во просторот кога воздухот ќе се исуши. Поради кристално врзаната вода гипсот е негорив материјал, а со додавање на арматура од стаклени влакна во гипсеното јадро се обезбедува противпољарна заштита и до 180 минути.
Импрегнираните гипсени плочи по правило се користат во купатилата или кујните каде се создава преголема влага во воздухот. Со посебни подни гипс-влакнести плочи се изработува таканаречениот сув естрич со кој се облољуваат подните конструкции, кои бараат лесна и едноставна изведба на подлогите за завршна обработка на површините на подото и во објектите каде е важно брза и сува изведба на цврст и сигурен под.
Ако земеме предвид дека гипс картонските системи за преградни ѕидови и ѕидни облоги во акустична смисла не се крути, тие во споредба со масивните ѕидови од цигли или бетон пружаат, покрај малата вкупна тежина и значително подобри изолациски својства.
Ѕидните , плафонските или подните површини едноставно се изработуваат без видливи споеви. Со гипс картонските системи за сува градба се остварува докажано стабилна и сигурна подлога за премази, малтери, лакови, тапети или ќерамички плочки.
Работата со гипс картонските плочи е едноставна, а постапката на изградба е сува, со што времето од почетокот на работата до вселувањето т.е. користењето на просторот е значително пократко.
Спуштените плафони од типот Армстронг, Хантер Даглас или гипс-картонски плочи, се прават од повеќе причини. Со нив може да се сокријат инсталации, бетонски греди или ребра на таванот, разни нерамнини, а исто така може и да се намали висината на просторијата. Истите се употребуваат доколку сакаме да се постави термичка или звучна изолација, климатизација, осветлување …
Со помош на спуштените плафони може да се добие подобар изглед и атрактивност на просторот. Може да послужат за акцентирање на некој дел во станот, односно просторијата.
Најдобриот ефект кој спуштените плафони, посебно гипс картонските, може да го понудат е поврзан со осветлувањето кое може да се постави на нив. На тој начин тоа може да биде дискретно, индиректно, распоредено според функцијата и комуникацијата во просторијата.
Осветлувањето во спуштените плафони може да биде точкесто, правилно распоредено, а може и да постојат процепи во таванот кои што ќе светат, со правилен или неправилен облик.
Често со помош на осветлувањето на спуштениот плафон од гипс картон може да се акцентира одредена зона на седење во дневната соба, или зоната на обедување во трпезаријата …
Плафонот може да се спушта и по рабовите на просторијата, а осветлувањето може да се смести во спуштените делови од плафонот или бочно по вдлабнатиот дел на плафонот кој го добиваме со спуштање.
Плафонот може да се спушти во една рамнина или во повеќе степенести рамнини во согласност со ефектот кој што сакаме да го постигнеме.
Спуштениот плафон може да се постави во ходниците, односно во претсобјата на становите и така да се следи линијата на комуникација.