Луѓето поминуваат многу време во внатрешните простории, па затоа сакаме нив да ги уредиме
така да им одговараат на нивните желби и расположение. При тоа, боите кои не опкружуваат,
се тие, кои најчесто несвесно влијаат на чувствата и расположението: просторот го прават
посветол или потемен, ладен или топол, разигран или здодевен.
Гледајќи ги најновите трендови на нашиот пазар а се разбира следејќи го и пазарот пошироко
јасно станува дека боите стануваат се поважна работа во уредување на како внатрешниот така
и на надворешниот простор
Работата на молерите веќе не се сведува на едноставно боење во бело туку се повеќе се бара
да препорачуваат нијанси, комбинации на бои и тонови, како и примена на најразлични техники
за декорирање, а имајќи го во предвид сега веќе широкиот асортиман на производи, често се
прават консултации и бараат предлози за примена на типови на поликолори соодветно
одредени потреби.
Во процесот на уредување на домовите сега веќе е секојдневие вклучување на проектанти и
архитекти од страна на инвеститорите, без оглед на големината на просторот, така да и нашата
соработка, во изведување на молеро фарбарските работи, со архитектонски студија е веќе
секојдневие.
Имајќи ги во предвид на пазар присутните голем број на призводи, нијанси, функционалноста,
естетските аспекти, економичноста, а пред се видувањата и желбите на крајните корисници,
МАК-ДИЗАЈН перманетно вложува во стручно оспособување на својот персонал и соработка со
стручни лица од разни области, се со цел крајниот производ да е на задоволство на корисникот.