Топлина во зима и свежина во лето, термофасадните системи гарантираат удобно живеење и при најекстремните температури истовремено овозожувајќи значителна заштеда на се повисоките енергетски сметки, заштеда која за период од 3 – 5 години во зависност од објектот ја враќа вложената инвестиција. Термо фасадата се нанесува лесно и брзо и е составена од неколку фазни елементи.
После долго анализирање на квалитет , производители , најразлични брендови , наше е да ви го предложиме системот за фасада, кој ќе ви даде највисок квалитет во однос на цената.
[divider height=”30″ style=”default” line=”default” themecolor=”1″]
Терволот и стаклената волна се едни од најдобрите термоизолатори кој можат да се применат скоро секаде. Освен големиот коефициент на термоизолација имаат и одлична звучна изолација, долготрајни се, односно со текот на времето не калираат и не го губат волуменот ниту обликот.
Безбедни се по здравјето на човекот поради отпорноста на хемикалии и микроорганизми како и негорлив односно огноотпорен материјал. Една од најголемите плусови на оваа изолација, за разлика од стиропорот е што имаат висок коефициент на парапропусност што значи не предизвикуваат кондезација и влага.
Стиропорот е синтетски производ поволен за животната средина кој се произведува со полимеризација на стирен и претставува цврст пенест материјал кој е исполнет со воздух. Иако има многу мала густина, има релативно висока механичка јакост, како и многу ниска топлотна и акустична спроводливост со што е меѓу најдобрите изолатори.
[divider height=”30″ style=”default” line=”default” themecolor=”1″]
Стиропорот исто така има многу ниска апсорпција на вода и висока отпорност на микроорганизми и водена пареа, што му даваат предност во однос на другите материјали за топлинска изолација при употребата во подрачја изложени на влага, не подлежи на гниење (исчезнување) , долготраен е и самогаслив (незапалив). Овие карактеристики се должат на специфичниот состав на овој производ, кој содржат 98% заробен воздух и 2% полистирен.
Единствен недостаток на стиропорот е неговата паранепропусност односно “не дише”.
Графитен стиропор е меѓу поновите производи за термо изолација, составот е исти како и кај обичниот стиропор само што разликата е што е додаден графитот од каде ја добива и црно-сивкастата боја.
Графитот овозможува одбивање на топлината со што го прави овој производ за 20% поефикасен од обичниот стиропор. Идеално решение за изолација на подрачја каде е битен секој сантиметар затоа што со потенка дебелнина се постигнува иста термоизолација која би ја добиле со подебел стиропор.
[divider height=”30″ style=”default” line=”default” themecolor=”1″]
Стиродурот е исто производ со исти состав како стиропорот, но со многу позбиена структура која го прави цврст, крут и издржлив на силни механички влијанија.
Се употребува за изолација на цоклиња, подруми, темели, купатила, подови , испод ламинати и патоси и секаде каде има механички оптеретувања и влијанија.
Освен термоизолационите својства има доста висок коефициент на отпорност на влага.